Home Спорт МЗТ го доби дербито со Блокотехна!

МЗТ го доби дербито со Блокотехна!

Кошаркарите на МЗТ Скопје во интересен натпревар славеа против Блокотехна со 87-73 во дербито на колото од домашното првенство.

Домаќинот со подобра игра во вториот дел стигна до посакуваната победа иако слабо го започна мечот и дозволи гостите да ја добијат првата четвртина убедливо со 27-11.

Во втората металците возвратија и на крајот од третиот дел резултатот беше израмнет. Во последната четвртина МЗТ доминираше со 26-12 и ги израдува своите фанови.

Вејд од Блокотехна беше најефикасен со 26 поени додека кај МЗТ се истакнаа Синовец со 22 и Крафорд со 21 поен.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…