Home Актуелно МВР: Приведено момче кое ги навредувало граѓаните и нападнало полициски службеници во Ново Лисиче

МВР: Приведено момче кое ги навредувало граѓаните и нападнало полициски службеници во Ново Лисиче

Од Министерството за внатрешни работи кратко информираа за инцидентот кој се случил на гласачко место во Ново Лисиче. Како што велат од таму едно момче на возраст од 22 години било приведено затоа што ги навредувало граѓаните кои излегле да гласаат, а потоа и ги нападнало полициските службеници кои пристапиле да интервенираат.

„На гласачко место во ОУ „Лазо Ангеловски“ во Скопје, машко лице го нарушило јавниот ред и мир со тоа што навредувало граѓани и физички нападнало полициски службеници. Лицето е приведено во ПС Аеродром и утврдено е дека се работи за К.Ж.(22) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на настанот“, велат од полициајта.

Очевидци на настанот, пак, велат дека инцидентот бил од поголеми размери и дека се работи за група на момчиња кои го попречувале гласањето и кои се судриле со полицијата.

Извор: Фокус

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…