МВР потврди: Уапсена е Катица Јанева, ЈО со прес-конференција во 14 часот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


МВР официјално ја потврди информацијата дека по налог на Обвининителството за организиран криминални корупција е уапсена специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Сите останати информации за случајот ќе ги соопшти обвинителството, информираат од МВР.

Од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија за 14 часот најавија прес конференција во врска со предметот во јавноста познат како „Рекет“.

На пресконференцијата ќе присуствуваат Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески, првиот заменик на републичкиот јавен обвинител Лилјана Спасоска и Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска.