Home Вебкафе Муслиманки влегоа во црква и она што го направија ги расплака христијаните

Муслиманки влегоа во црква и она што го направија ги расплака христијаните

Ви гарантираме дека ова е една од најубавите работи кои сте ги виделе на интернет. Иако видеото е со лански датум, и тоа како вреди одново да се сподели и да се потсетиме на моќната порака која ја испраќа.

Во времиња кога религиите често предизвикуваат раздор и омраза, наместо да поврзуваат и да помируваат, вакво нешто ја враќа верата во човечката добрина и љубов која на крајот, сепак, треба и ќе победи.

Во текот на божиќните празници во Бејрут, во црквата Свети Илија, се случи нешто прекрасно. Хор од муслимански девојки влезе во црквата и пред затекнатите верници ја отпеа на прекрасен начин познатата божиќна песна „Тивка ноќ“ (Silent Night).

Станува збор за настан кој се случи во бејрутскиот кварт во кој мнозинството се муслимани, но девојките кои го сочинуваат хорот на фондацијата „Имам садр“ сакаа со своите комшии заедно да го прослават Божиќ и да покажат дека различните религии не прават раздор, туку поврзуваат.

До крајот на нивната изведба многу од присутните верници не ги криеја солзите до кои ги трогнаа девојките од хорот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Дали знаете колку години ви краде екранот? Одговорот не е за луѓе со слабо срце!

ДАЛИ ЗНАЕТЕ КОЛКУ ГОДИНИ ВИ „ЈАДЕ“ ЕКРАНОТ? НЕ Е ЗА ОНИЕ СО СЛАБО СРЦЕ Замислете некој да …