Home Спорт Мурињо спрема потег со кој ќе го шокира фудбалскиот свет!?

Мурињо спрема потег со кој ќе го шокира фудбалскиот свет!?

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо може да го шокира фудбалскиот свет и да го привлече легендарниот капитен на Челзи, Џон Тери, пренесуваат неколку еминентмни медиуми на Островот.

Мурињо во текот на целиот летен преоден рок бараше да му биде донесен дефанзивец кој ќе донесе стабилност во последната линија, но раководството не му ја исполни желбата.

Тоа доведе до протести од страна на фановите кои го обвинија генералниот директор Вудворд дека не му дал подкрепа на Мурињо кога се трансферите во прашање.

Џон Тери во моментов е слободен агент, откако ја напушти Астон Вила, и се уште е во потрага по нов клуб. Мурињо и Тери се блиски и Португалецот смета дека би можел да му помогне на тимот да ја стабилизира одбраната.

Звучи неверојатно, но Мурињо е секогаш спремен на изненадувања…

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…