Home Шоубизнис Животот преплетен како сценарио за филм во кој треба да глуми: Џек Николсон откри дека неговата сестра, е всушност негова мајка?!

Животот преплетен како сценарио за филм во кој треба да глуми: Џек Николсон откри дека неговата сестра, е всушност негова мајка?!

Легендарниот холивудски актер, Џек Николсон глумеше разни ликови со интересни приказни, а неговата животна звучи како сценариот за серија или филм.

Тој во 1974. година, разговајќи со новинар на Тајм доживеа шок. Имено, новинарот пишувал сторија за млада актерка во развој и откри дека е жената за кој Џек веруваше дека му е сестра – всушност мајка.

Дека нешто не е во ред во неговото семејство, се сомневал од мал, а испадна дека има право. Иако звучи како теленовела, сестрата која има 79 години, всушност е негова мајка.

Мајката на Џек, Жун Франсис Николсон се занимавала со танц и размислувала за блескава кариера, но забременила кога имала 16 години, а нејзината мајка, Етли Меј Николсон, не сакала Жун да се откаже од кариерата, па ја презела одговорноста и грижата за малиот Џек.

„Тоа е цената на славата. Сите почнуваат да копаат по твојот приватен живот и следно што знаеш е дека твојата сестра, всушност е твојата мајка“, изјави Николсон во едно интервју.

Сепак, иако приказната за неговото потекло е прилично истражена, тој и натаму не ја знае целата вистина, не знае кој е неговиот татко. Кога дознал дека Жун му е мајка, одбил ДНК анализа за да дознае кој е неговиот друг родител.

„Татко е личност која ти помага додека да пораснеш, а не некој кој има исти спирали во генетскиот код“, објасни Џек.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Ненадејно почина Ерик Бауза, актерот кој им го позајмуваше гласот на Душко Долгоушко и Дафи Дак

Семејството на Ерик Бауза преку неговиот профил на Инстаграм соопшти дека актерот ненадејн…