Нараквицата со емотивна позадина: Еве зошто принцот Хари никогаш не ја симнува од себе?!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Британските медиуми пишуваат дека принцот Хари истата нараквица ја носи 20 години, а зад која се крие емоционална приказна.

Кога почнале гласините дека 33-годишниот принц и Меган Маркл се забавуваат, фановите набрзо ги воочиле нивните ударни плави нараквици. Но, Хари не може без својата друга нараквица.

За црно-сребрената нараквица на војводата од Сасекс се верува дека ја добил во текот на патувањето во Африка, набрзо по смртта на неговата мајка, принцезата Дајана во септември 1997. година.

Во едно интервју Хари откри дека ја посетил Африка откако неговата мајка починала.

„Првпат дојдов во Африка во 1997. година, набрзо откако мајка ми почина“, објасни.

„Татко ми ни кажа на мене и брат ми да се пакуваме, одиме во Африка да се тргнеме од се“, додава тој.

Членот на кралското семејство оттогаш задржа силна врска со Африка. Освен на службена должност, често ја посетуваше и од лични причини. Тој и Меган ја посетија Боцвана изминатата година, пред да ја запроси.

Хари е хуманитарен за неколку организации на тој континент, а оригиналната нараквица од Африка, се чини никогаш не ја симнува од себе.