Home Спорт Мурињо ја откри иднината на Погба!

Мурињо ја откри иднината на Погба!

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо смета дека Пол Погба ќе остане на „Олд Трафорд“ и следната сезона.

Французинот, кој е најскапата аквизиција во историјата на Јунајтед во последно време се поврзува со други клубови, а последните информации се дека неговиот агент Мино Раиола водел разговори со четири клуба.

Сепак, Мурињо е категоричен дека не сака да се разделува со Погба и во клубот до сега не пристигнале никакви понуди за него.

„Мислам дека Пол ќе биде тука и следната сезона. Такво е моето чувство. Можам да гарантирам дека јас не сакам тој да замине, а клубот исто така не сака да го продава. Можам да гарантирам дека до сега не пристигнале понуди за него од други клубови. Исто така самиот Погба и неговиот агент не не известиле дека тој сака да си замине“, изјави Мурињо.

Медиумите тврдат дека Погба не е задоволен од односот кој Мурињо го има со него и поради тоа сака да си замине. Неговиот агент Раиола веќе разговарал со ПСЖ, Реал Мадрид, Манчестер Сити и Јувентус.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…