Мурињо ја одби Борусија Дортмунд – чека повик од Реал


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Жозе Мурињо ја одбил понудата да го преземе тимот на Борусија Дортмунд, бидејќи сакал да води клуб што има многу поголеми амбиции.

„Билд“ пред неколку дена објави дека Мурињо забрзано учи германски и се подготвува да го замени Лусиен Фавре во Борусија Дортмунд.

Челниците на „милионерите“ не се задоволни од резултатите што ги постигнува Фавре оваа сезона и стапиле во контакт со „Специјалниот“.

Меѓутоа, Португалецот ја одбил понудата на германскиот клуб, а причината за тоа е – Реал Мадрид.

Реал не ја започна добро оваа сезона, дури дојдоа до тоа еден натпревар да го дели Зидан од сериозно загрозување на позицијата во клубот.

Победата против Галатасарај ги смири страстите, меѓутоа, она што е проблем е што нема напредок во играта. „АС“ пишува дека Зидан не е сигурен и дека Мурињо ги ставил своите преговори со Дортмунд на чекање, надевајќи се на повик од Перез.

Она што се укажува на желбата на Перез дека новата деценија ќе биде нов почеток и дека упорно одбива да преговара околу Погба, бидејќи тоа ќе ја затвори вратата на Мурињо.