Home Спорт Мурињо им плаќа на шпанските власти за да не оди во затвор

Мурињо им плаќа на шпанските власти за да не оди во затвор

Шпанските медиуми пренесуваат дека менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо ќе се спаси од едногодишна затворска казна, бидејќи се согласил да плати 800.000 евра на шпанските даночни власти.

Според „Мундо Депортиво“, Мурињо се договорил со шпанските власти, кои го испитуваат за затаени даноци и дури покренаа обвинение против него.

Португалецот добил 3,3 милиони евра за сезона 2011/12 за користење на имиџ правата и го сокрил овој факт, во времето кога беше на клупата на Реал Мадрид.

Медиумите потсетија дека во 2015 година Мурињо платил 4,5 милиони евра за затајување данок.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…