Home Спорт Мурињо го сакаше во Јунајтед, сега е пред потпис во Реал Мадрид

Мурињо го сакаше во Јунајтед, сега е пред потпис во Реал Мадрид

Реал Мадрид е блиску до реализирање на трансферот на дефанзивецот на Порто Едер Милитао, пренесуваат шпанските медиуми.

20-годишниот Бразилец игра феноменална сезона во Порто и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Милитао, кој важи за еден од најперспективните млади фудбалери во светот, може да игра како стопер и десен бек, а неговата откупна клаузула во договорот е 50 милиони евра.

Силен интерес за Бразилецот покажуваше Жозе Мурињо кој сакаше да го донесе во Манчестер Јунајтед, но после отказот работите се променија.

Шпанските и португалските медиуми пренесуваат дека Милитао е пред потпис во Реал Мадрид.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…