Home Спорт Мурињо го „пецна“ Гвардиола: Ние барем губиме чесно и како голем клуб!

Мурињо го „пецна“ Гвардиола: Ние барем губиме чесно и како голем клуб!

Типично за него, Жозе Мурињо во свој стил ја искористи шансата да го „пецне“ Манчестер Сити за елиминацијата од ФА Купот.

Сити беше елиминиран од Виган со 1:0, но по завршувањето на мечот дојде до голема расправија во тунелот и за малку беше избегната физичка пресметка меѓу Гвардиола и неговиот колега од Виган.

Жозе Мурињо го иронизираше тоа што се случи во Виган, иако неговиот тим во декември беше елиминиран од Бристол Сити во Лига Купот.

„Ние бевме елиминирани во четвртфиналето, но тоа го направивме на начин каков што му прилега на Манчестер Јунајтед – чесно и фер плеј и како дел од радоста на противникот кој успеал да „убие“ еден од гигантите. Дури и во поразите ние сме голем клуб, за разлика од некои други“, ироничен беше „Специјалниот“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…