Качер: После разводот со Деми Мур побегнав в планина – 7 дена живеев на чај и вода


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Актерот Ештон Качер, во разговор со пријателот Декс Шепард за Armchair Expert, раскажуваше како после разводот со славната актерка Деми Мур на седум дена побегнал во планина каде живеел само на чај и вода.

„Отидов во Монтана. Не јадев, а пиев само чај и вода. Не носев компјутер и друга технологија. Седум дена бев отсечен од светот, не сакав со никој да разговарам“, изјави Качер, додавајќи дека целта му била да си го прочисти организмот.

Ештон истакнува дека осамувањето е најдоброто што можел да си го направи за себеси во тие моменти, додавајќи дека со себе носел само хартија и пенакло.

„Пишував за секоја врска во која сум бил и поради што се чувствував како да жалам за нешто. Го запишував сето она кое го сметав за важно. На крајот им напишав писма на сите тие жени и ги пратив до нив последниот ден од мојот престој на планина“, раскажува Качер.

Денес Ештон е во врска со Мила Кунис, со која имаат две деца – ќерката Вјат и синот Димитриј.