Живот

Секс со врзување – храбар „зачин“ за сексуалните страсти и уживање

Иако филмот „Педесет нијанси сиво“ ни покажа само мал дел од сексот со врзување, во оваа „сексуална дисциплина“ има многу повеќе разновидност од тоа.

Ваков тип на секс не мора секогаш да вклучува камшици, лисици и други „справи за мачење“. Може да биде и многу поблаг, а сепак динамично и интензивно да го зачини и збогати сексуалното искуство. Еве ви пет совети за таков начин за уживање во сексот и страстите.

1. На стол

Партнерот нека седне на стол (или партнерката), а вие врзете му ги рацете за потпирачот и нозете околу ногарките од столот. За ситуацијата да биде уште попикантна, ставете му превез на очите за да не може да ги превиди вашите следни потези.

Тогаш можете да му правите што ќе посакате – скокоткање со пердув, бакнување во комбинација со коцка мраз во устата, стимулирање каде што ќе сакате вие. Важно е допирите да го изнеадат.

2. Во лежење

Кај врзувањето не мора да се користи грубо јаже, може да послужи и неговата кравата или некоја женска свилена марама. Нека легне на грб и нека ги дигни рацете, а вие врзете му ги на креветот. Тој не би смеел да се мрда, бидејќи девојката има целосна контрола.

3. На подот

Зошто секоја акција мора да биде поврзана со кревет? Подот е еднакво добар за секс авантури. Клекнете и во таа положба спуштете се со лицето кон подот. Партнерот нека ја врзе партнерката за зглобовите. Оваа положба можеби е малку комплицирана, но може да биде многу возбудлива бидејќи фокусот во најголем дел е на задникот.

4. Мисионерска со превез

Легнете на грб, свијте ги колената и повлечете ги рацете кон глуждовите за партнерот заедно да ги заврзе. Во оваа положба партнерот има контрола, а можете и да ги замените улогите. Како и да одлучите, забавата и возбудата се гарантирани.

5. Раширени нозе

Партнерот нека легне на грб, а вие врзете му ги рацете над главата, раширете му ги нозете и секоја врзете ја за глуждот за посебен крај од креветот. Поентата на оваа положба е партнерот целосно да биде препуштен во рацете на партнерката и нејзините усни, па таа може да го стимулира како и колку што сака.

To Top