Мурињо го „краде“ Сократис пред носот на Арсенал

Веројатниот трансфер на Сократис Папастатопулос од Борусија Дортмунд во Арсенал може да пропадне, бидејќи во трката за дефанзивецот се приклучи Манчестер Јунајтед.

Грчкиот репрезентативец одби да го продолжи договорот со германскиот клуб и сигурно ќе биде продаден ова лето.

Изминатите недели медиумите тврдеа дека неговиот трансфер на „Емирати“ е веќе договорен, но преговорите се успорија пред доаѓањето на Унаи Емери на чело на „топџиите“.

Таквата ситуација ќе се обиде да ја искористи Мурињо и да го донесе Сократис на „Олд Трафорд“. Раководството на „црвените ѓаволи“ веќе стапило во контакт со неговиот агент, а трансферот би требало да изнесува 20 милиони евра.