Мурињо ја купува ѕвездата на Бенфика за 38 милиони!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед викендов инспириран од Златан Ибрахимовиќ забележа втора победа по ред, а Мурињо веќе е спремен за зимски шопинг.

Приоритет на „Специјалниот“ во зимскиот преоден рок е доведување на квалитетен дефанзивец, а прв на листата желби е ѕвездата на Бенфика, Виктор Линделоф.

Скаутите на „црвените ѓаволи“ веќе подолго време го следат овој 22-годишен стопер и се спремни да инвестираат значителна сума за да го доведат на „Олд Трафорд“.

Имено, Бенфика воопшто не сака да преговара за неговата продажба, но Мурињо е спремен да ја активира откупната клаузула во неговиот договор која изнесува 38 милиони евра.

Линделоф важи за еден од најталентираните дефанзивци во Европа, а неодамна и Ибрахимовиќ јавно му предложи на клубот да го донесе неговиот сонародник.