Home Спорт Мурињо и Гвардиола се „тепаат“ за дулото од Тотенхем!

Мурињо и Гвардиола се „тепаат“ за дулото од Тотенхем!

Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити ќе водат голема битка за потписите на Дени Роуз и Кели Валкер од Тотенхем, пренесуваат англиските медиуми.

Роуз и Валкер брилјираат ова сезона и се сигурено меѓу најдобрите бекови во Премиер лигата, па го привлекоа вниманието на манчестерските клубови.

Англиските медиуми тврдат дека Мурињо е одлучен во намерата да го донесе дуелот на „Олд Трафорд“ и спремил понуда од 60 милиони фунти.

Сепак, Португалецот треба да се избори со силната конкуренција бидејќи Гвардиола во Роуз и Валкер гледа долгорочно решение за бековските позиции на „граѓаните“.

Се разбира, последниот збор ќе го има Тотенхем кој не сака да се раздели од своите најдобри фудбалери.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…