Британец отпуштен од работа оти присуствувал на раѓањето на синот, но…

Ламар Остин беше буквално затрупан од понуди за вработување откако се прошири веста за неговото бркање од работното место на кое што работел бидејќи сакал да присуствува на раѓањето на неговиот син.

Ламар работеше за приватна агенција за обезбедување во Њу Хемпшир, која е задолжена за обезбедување на универзитетскиот кампус и продавници.

Тој беше на пробна работа од три месеци и баш денот кога требаше да работи целодневна и ноќна смена, неговата сопруга доби породилни болки и заврши во болничкото породилно одделение, каде нејзиното пораѓање траеше од петокот вечерта до раните утрински саботни часови. Ламар цело време беше во породилната сала и во периодот кога доби син, доби и порака дека неговиот работен договор за агенцијата му е прекинат.

„Понекогаш ќе загубиш една, но ќе добиеш друга, многу поубава ствар“, изјави Ламар за Concord Monitor. Неговиот син Каинин, инаку, е прво бебе родено во 2017 година во Њу Хемпшир.

Откако локалните медиуми ја пренесоа оваа вест, во неговиот град беше иницирана GoFundMe акција за собирање парични средства како помош за ова семејство.

„Тие сега не би требало да се грижат за финансиите. Никој не треба да биде принуден да избира помеѓу семејството и работата“, велат неговите сограѓани за Independent.

Но, освен јавната поддршка која ја доби семејството на Ламар, тој доби и многу понуди за ново работно место. Неговиот претходен работодавач одби да го коментира случајот.