Home Актуелно Мухамед Асани разрешен од директорската функција во струшката болница

Мухамед Асани разрешен од директорската функција во струшката болница

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека го разрешил од директорската функција во струшката болница, д-р Мухамед Асани, поради скандалот со родилката од Дебар. Филипче најави дека денес или утре ќе се назначи нов директор.

Случајот за Асани го пријави пациентка од Дебар, која при породувањето со царски рез кој го вршел Асани во болницата во Струга остана без матка, јајник и бубрег, а докторот целата бременост ѝ ја водел во дивата ординација дома.

Филипче кажа дека вчера донел решение за формирање Комисија за вршење на надзор на стручната работа на ЈЗУ ОБ Струга, а во врска со дијагностиката и лекарскиот третман на пациентката Ј.В.

„Во комисијата се директорите на клиниките за Урологија, Гинекологија, КАРИЛ и на Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДСЗИ). Комисијата има задача да изврши надзор над стручната работа на ЈЗУ ОБ Струга, а во врска со дијагностиката и лекарскиот третман на пациентката“, рече Филипче на денешниот прес во Владата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…