Граѓаните вознемирени поради најавата дека дел од отфрлените вакцини на Астра Зенека ќе стигнат кај нас – Филипче тврди дека сите вакцини се безбедни


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Сите вакцини што влегуваат и ќе влегуваат во земјава се и ќе бидат безбедни – експертски тим ги следи сите можни известувања од земјите што ги користат вакцините, од земјите каде што се призведени, како и на СЗО и на ЕМА“. Ова го тврди министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање во врска со несканите последици на вакцинаата АстраЗенека, пренесува Независен.

„За утре е закажан Комитетот за безбедност на ЕМА каде што ќе се анализираат овие случаи, кои се малку во однос на вкупниот број вакцини кои што се дадени, и од тука ќе ги извлечеме поуките кои евентуално треба да се аплицираат при давање на оваа вакцина“, рече Филипче.

Тој додаде дека нашите здравствени работници ќе се водат врз основа на официјалните препораки како на ЕМА, така и на производителот на вакцината, додавајќи дека и компанијата Фајзер го подигнува нивото на внимателност од Фајзер и ќе бара од сите земји построги критериуми во делот на безбедноста.

Тој на прес конференцијата рече дека вакцинацијата успешно се спроведува и дека заклучно со вчера биле вакцинирани 5.300 здравствени работници.

„Ова е битно бидејќи е притисокот кон болниците е голем и е дене од клучните моменти во менаџирањето на кризата“, рече Филипче.

Во однос на набавките, тој повтори дека се очекуваат поголеми количини вакцини до крајот на месецов или во почетокот на април, но остави простгор тие датуми повторно да се пролонгираат.

„Тоа што се очекува со оглед на промените од добавувачите може да се одолговлече. До крајот на овој месец и во почетокот на следниов очекуваме да профункционира Ковакс системот од каде што очекуваме околу 100 илјади вакцини, а интензивно разговараме со кинеските и со руските претставници и ги чекаме нивните најави. Но, немаме точен датум, рече Филипче додавајќи дека од наша страна се е подготвено за спроведување на масовна вакцинација. Тој исто така рече дека продолжуваат разговорите со Фајзер во врска со дополнителните прашања кои секојдневно ги имаат.

„Свесен сум дека набавката не оди со посакуваната динамика, но обезбедувањето на вакцини е практично војна, неизвесноста е голема во сите земји во светот“, рече Филипче.