Home Вебкафе Мотоциклист се загубил по чешките патишта – бизарната причина за тоа ќе ве насмее

Мотоциклист се загубил по чешките патишта – бизарната причина за тоа ќе ве насмее

Фински мотоциклист се загубил во Чешка, користејќи мапа којашто потекнувала уште од советскиот период, пишуваат локалните медиуми.

Избезумениот 64-годишник за помош ѝ се обратил на полициската патрола крај градот Тахов на западот од Чешка, го пренесува агенцијата DPA пишувањето во четвртокот на дневниот весник Pravo.

Меѓутоа, полицајците се посомневале дека е пијан, па го тестирале и утврдиле дека испил некоја чашка повеќе, додава весникот.

Наредено му е веднаш да ја напушти Чешка, а казнет е и со 749 долари и тригодишна забрана за возење во оваа земја.

Финецот тврдел дека испил малку алкохол за да се смири, наведува весникот.

Поранешната комунистичка Чехословачка мирно се подели во 1993 година на Чешка и Словачка. Многу од патиштата именувани според комунистичките челници и за оваа идеологија важни датуми се преименувани по падот на Советскиот сојуз во 1989 година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Како да се преживее секојдневниот хаос: мини водич за деновите кога сè оди наопаку (ама ние сè уште истрајуваме)

ДА ГО ПРЕЖИВЕЕШ СЕКОЈДНЕВНИОТ ХАОС: МИНИ ВОДИЧ ЗА ОНИЕ ДЕНОВИ КОГА Сѐ ОДИ ПО НАГОРНИЦА (АМ…