Импресивно откритие на научниците: Нашата галаксија „Млечен пат“ има свој мртов близнак


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Млечниот пат“ има свој мртов близнак, тврдат научници. Галаксијата е формирана 1,65 милијарди години по Големата експлозија.

Меѓународен тим на астрономи ја откри мртвата галаксија, чија старост е слична на онаа на Млечниот пат, соопшти во петокот Лента.

Научниците сметаат дека причината за нејзиното предвремено стареење е исклучително високата брзина на ѕвездо-образувањето.

Галаксијата ZF-COSMOS-20115 се наоѓа на растојание од околу 12 милијарди светлосни години од Земјата и се формирала 1,65 милијарди години по Големата експлозија.
Се одликува со мали димензии и голема густина.

Во еден од нејзините реони чиј дијаметар е еднаков на растојанието помеѓу Сонцето и маглината Орион, има околу 300 милијарди ѕвезди.

Научниците ја истражувале галаксијата со помош на телескоп на опсерваторијата Кек на Хаваи.

Се покажало дека кога ZF-COSMOS-20115 била стара околу 700 милиони години, темпото со кое се родиле ѕвездите било 5.000 пати повисоко.

Како резултат на оваа исклучително висока брзина галаксијата го потрошила “горивото” за помалку од 100 милиони години.

Според зборовите на научниците еволуцијата на ZF-COSMOS-20115 не се вклопува во ниту еден од постојните теоретски модели. Затоа засега е невозможно да се дефинираат причините за брзото ѕвездо-образување. Резултатите од истражувањето се објавени во списанието Nature.