Москва пресуши: Навивачите од Светското првенство ја оставија без капка…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пивото и фудбалот отсекогаш оделе рака под рака кога станува збор за гледањето на натпревари од најважната споредна работа на светот, или барем на тоа не научија и навикнаа рекламите од телевизиите и билбордите. Сепак, изгледа дека деновиве во Русија, додека е во ек Светското фудбалско првенство, оваа комбинација беше сфатена буквално, па главниот град на Москва наиде на проблеми поради тоа.

Поради огромниот наплив на туристи и фудбалски навивачи, многу кафулиња и барови во Москва објавија дека имаат сериозен недостаток од пиво, бидејќи останале без пивски залихи, а новите порачки до дистрибутерите не можат да ја покријат енормно зголемената побарувачка.

Високите температури, сувото време и сонцето ги погодија повеќето делови од Русија изминативе недели, па мнјогу навивачи бараа и поголеми количини на пиво од тоа што е вообичаено и што им беше испланирано на Московјани. Традиционалниот руски пијалок водка не е во игра, бидејќи водка и +30 Целзиусови не е баш добра и паметна комбинација.

Проблемот со недостаток на пиво не се појави само во Москва, туку и во другите градови. Во Новогород, после натпреварот помеѓу Шведска и Јапонија, снема пиво во речиси сите угостителски објекти, бидејќи угостителите не обезбедиле навреме доволни количества, па еуфоричните шведски навивачи во еден момент веќе не можеле да ја слават победата на нивната репрезентација со здравици со пивски кригли.

Агенцијата Ројтерс наведува дека една од причините за недостиг на пиво е падот на продажбата во последните неколку години. Имено, во 2011 година пивото е ставено на листата со алкохолни пијалоци, што доведе до зголемување на данокот за пиво и построги правила за рекламирање.

Сепак, за многумина е нејасно како можело да се случи ова и како угостителите првенството го дочекале неспремни, бидјеќи нема подобра прилика за продажба на пиво кога ќе се поврзат Светското фудбалско првенство и почетокот на летото.