Моќен убавец од 200 милиони долари – Black Pearl забележан во водите на Јадранското Море


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Моќниот едреник со три јарболи „Black Pearl“ е забележан како плови по Јадранското море. Мегајахтата плови под знамето на Кајмански острови.

„Црниот бисер“ е еден од најголемите и најмоќни бродови кои користат модерна технологија т.н. „Дина риг систем“ за управување со кружните едра на своите три големи јарболи направени од карбонски влакна.

Сопственик на мохната јахта со три јарбола вредна 200 милиони долари е Олег Бурлаков.

Јарболите на јахтата се високи 70 метри и на себе носат 18 едра со вкупна површина од 2900 квадрати со кои Црниот бисер со поволен ветер достигнува максимална брзина од 30 чвора.