Актуелно

Биткоинот го надмина ценовниот праг од 10.000 долари

Во текот на вчерашниот ден цената на биткоинот порасна откако го достигна своето највисоко ниво во последниве два месеци и ја прекина долгата хибернација на вредноста на главната криптовалута во светот, пренесува Маркетвоч.

„Највлијателната криптовалута го надмина прагот од 10.000 американски долари и сега сите очи се вперени на ниво од 10.500 американски долари“, рече Најџел Грин, извршен директор и основач на групата „deVere“.

Имено, спот цената на биткоинот BTCUSD скокна за 4,58 проценти на 10.237 американски долари, што е највисоко ниво од 1 јануари, додека фјучерсите на биткоин BTC.1 тргувани на групата CME по 1.335 американски долари, што е највисоко ниво од 2 јуни, според „FactSet“.

Ваквиот потег на дигиталната валута поттикна скок на цената на златото, по инвеститорската трка за средство кое се смета за алтернативно засолниште за капитал во однос на готовина или акции, бидејќи пандемијата на коронавирус го втурна целиот развиен свет во длабока рецесија.

Цените на златото пораснаа, достигнувајќи 1.941,9 американски долари за унца во еден момент.

Додека цените на златото и биткоинот достигнаа максимум, доларот падна најниско од 2018 година. Индексот на доларот на фјучерс берзата DXY падна за 0,7 проценти на 93.736 поени.

Некои трговци со дигиталната валута сметаат дека биткоинот почнува да го користи бранот на нервоза на пазарот, што ја зголеми цената на златото, но со одредено одложување.

„Биткоинот во моментов има репутација на дигитално злато. До сега, златото беше познато како крајно безбедно засолниште за капитал, но биткоинот, кој со него ги споделува карактеристиките на реткост и недостиг од него – има потенцијал да го сруши златото од својот пиедестал во иднина, како што станува светот се поориентиран кон технологијата“, вели Грин.

Краткиот излет на Биткоинот над 10.000 американски долари во јуни не значеше многу, но некои инвеститори сега се обложуваат дека тие средства би можеле да надминат или повеќе од 15,000 американски долари.

„Цената надмина 10.000 американски долари, што е важен психолошки лимит“, вели Наџи Аслам, аналитичар во „AvaTrade“.

„Ако цената на биткоинот одржува импулс, ништо нема да може да се спореди со него, бидејќи биткоинот е посебна работа. Веруваме дека следниот лимит за биткоин е 15.000 американски долари“, додаде тој.

To Top