Home Актуелно Могерини следната недела во посета на Македонија и Балканот

Могерини следната недела во посета на Македонија и Балканот

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини, на почетокот на март ќе оствари мини-турнеја низ балканските држави, при што ќе ја посети и Република Македонија, известија од кабинетот на Могерини.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, од 1-ви до 4-ти март, Могерини ќе ги посети Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Србија и Република Македонија.

Во пресрет на оваа посета, високата претставничка на ЕУ изјави дека оваа нејзина мини-турнеја низ балканските држави е со цел да се осигура „неповратноста на процесот на интеграција на овие земји во Унијата“.

„За Европската унија, работата со земјите од Западен Балкан, регион кој е во срцето на Европа, е клучен приоритет. Работам за да видам дека секој еден од нашите партнери на Западниот Балкан се движи напред на патот на реформите, да се движи кон Европската унија и да се обезбеди дека процесот е неповратен. Регионалната соработка и добрососедските односи остануваат од суштинско значење во овој контекст“, порачува Могерини.

За време на посетата на регионот, планирано е Могерини да се сретне со политичките власти, вклучувајќи ги и претставниците на владите, но и со претставници на политичките партии и на парламентите. Таа ќе ги информира министрите за надворешни работи на ЕУ за оваа посета на Советот за надворешни работи идниот месец

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…