Home Шоубизнис Модниот бренд Victoria’s Secret се продава за 1,1 милијарда долари

Модниот бренд Victoria’s Secret се продава за 1,1 милијарда долари

Според светските медиуми, после период исплнет со низа предизвици, искушенија и откажување на ревија по прв пат во последните 25 години, брендот „ Victoria’s Secret”,според светските медиуми се продава за 1,1 милијарда долари.

Компанијата „L Brands“ е блиску до договор за продажба на контролниот пакет над најпознатиот бред на долна облека на светот , „Victoria’s Secret“.

Се очекува Лесли Х. Векснер да го отстапи местото извршен директор на „L Brands“,царството кое го изгради со купувањето на брендот „ Victoria’s Secret“ во 1982 година. Се очекува фирмата Sycamore Partners“ да купи 55 проценти од „Victoria’s Secret“.

Во Колорадо наводно се пронајдени стотина парчиња од долна облека од славниот бренд во канта за ѓубре во близина на неодамна затворена продавница од овој познат бренд.

Инаку, медиумите пренесуваат дека се уште не е познато дали ова значи и крај за брендот „Victoria’s Angels“ и за мегапопуларните годишни модни ревии, кои важеа за најзначајните модни настани во годината.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…