Мицкоски „се забавувал“ на дуелот со Заев


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првиот човек  на една од двете најголеми македонски политички партии, ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, сметаше дека не е пристојно да дава своја лична оценка за вчерашниот прв предизборен ТВ дуел кој го имаше со претседателот на СДСМ и бивш премиер, Зоран Заев. Мицкоски остави граѓаните да судат за првото политичко меѓусебно соочување.

„Не би било пристојно јас да давам оценка, оставам граѓаните да судат, едноставно се забавував додека разговарав со господинот Зоран Заев“, изјави Мицкоски во Охрид.

Вчера се организираше првиот ТВ дуел на двајцата политички противници пред изборите кои се закажани за на 12 април.