Home Актуелно Митко Јанчев: Со отворање на преминот Пуљевац – од Кавадарци до Грција за еден час

Митко Јанчев: Со отворање на преминот Пуљевац – од Кавадарци до Грција за еден час

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев најави дека со реализација на проектот за отворање на нов граничен премин Пуљевац, од Кавадарци до Грција ќе се стигнува за околу еден час.

„Очекувам овој значаен проект да биде готов најдоцна за три години“ – изјавил за „Фокус” Јанчев.

Тој вчера одржа состанок со членовите на Комисијата за отварање на нови гранични премини на Македонија со соседните држави и се разговарало за идните чекори за реализација на граничниот премин Пуљевац.

– Се изврши посета на теренот Мајден – Пуљевац и се разгледуваа патната инфраструктура и теренските услови.

Следната средба е закажана за две недели, кога ќе се сретнат експертските тимови на двете држави Македонија и Грција, со цел забрзување на процесот за отварање на овој граничен премин-информира Јанчев.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…