Home Вебкафе Мистерија на јапонскиот брег: Со денови пристигнуваат бродови полни со човечки скелети

Мистерија на јапонскиот брег: Со денови пристигнуваат бродови полни со човечки скелети

Мистериозни дрвени бродови полни со костури се приближуваат кон брегот на Јапонија.

Во коските од рацете на еден од скелетите биле пронајдени банкноти од валутата на Северна Кореја. Јапонските власти уште го истражуваат случајот со мистериозните бродови и од каде стигнуваат овие неидентификувани пловни објекти.

На еден брод се пронајдени костури од тројца мажи, а интересно е што ова не е прв случај во последните неколку седмици. Иако уште не се знае од каде стигнуваат бродовите со човечки костури, експертите ја сомничат Северна Кореја.

Минатиот четврток јапонската крајбрежна стража на брегот извлече брод во близина на островот Хокаидо, а на него имало десет мажи од Северна Кореја кои изјавиле дека се сокриле кај островот поради лошото време.

Јапонските власти најавија засилено обезбедување со цел ваквите сомнителни пристигнувања на бродовите да се спречат во иднина.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…