Home Спорт Миркуловски: Победа над Словенија за второ место во групата!

Миркуловски: Победа над Словенија за второ место во групата!

После стартните две победи на Светското првенство во Франција против Тунис и Ангола, Македонија е на чекор од следната фаза.

Повратникот во репрезентацијата, Филип Миркуловски смета дека со победа на словенија Македонија има шанси да го освои второто место во групата.

„Не го скршивме отпорот на Ангола во првите десетина минути, но најважно е што имаме уште една победа. Знаевме дека Ангола ќе одигра многу подобро отколку со Словенија, бидејќи тоа не е толку лоша репрезентација колку што покажа на првиот меч. На почетокот не искористивме неколку зицери, но славиме нова победа, две од две и тоа е најважно. Сега се фокусираме на следниот натпревар против Словенија“.

„Имаме време да се одмориме и да излеземе на мегдан со нашиот добро познат противник. Како и секогаш, ќе го дадеме својот максимум. Нема што да изгуибиме, можеме многу да добиеме. Кој знае, можеби со победа над Словенија можеме да атакуваме и на второто место. Ќе се подготвиме добро и одиме на победа како и секогаш“, изјави Миркуловски.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…