Home Актуелно Министерството за економија го објави огласот за финансиска поддршка за потрошена струја за лица со ниски примања

Министерството за економија го објави огласот за финансиска поддршка за потрошена струја за лица со ниски примања

Министерството за економија денеска го објави јавниот оглас на кој ќе можат да се пријавуваат лица со ниски примања за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за 2022 година.

Согласно јавниот повик од 600 до 800 денари пониски сметки за струја ќе добијат над 7.500 домаќинства со ниски приходи во период од 12 меесеци. За оваа мерка се обезбедени 60 милиони денари.

Финансиска поддршка ќе добијат домаќинствата чии редовни месечни примања не го надминуваат нето приходот од 30.000 денари и тоа за: самец до 15.194 денари; домаќинство со два члена до 18.000 денари; домаќинство со три члена до 21.000 денари, домаќинство со четири члена до 25.000 денари; и домаќинство со пет члена и повеќе до 30.000 денари.

Јавниот повик и потребната документација може да се најде на веб-страната на Министерството за економија на линкот ТУКА.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…