Home Актуелно Министерство за здравство: Ниту еден од пациентите кај кои е дијагностициран делта-сојот во Македонија не бил вакциниран

Министерство за здравство: Ниту еден од пациентите кај кои е дијагностициран делта-сојот во Македонија не бил вакциниран

Ниту еден од позитивните пациенти на Ковид-19 кај кои е изолиран делта сојот на SarsCov2 не е вакциниран Ковид-19, информираат од Министерството за здравство.

„По направените анкети со пациентите утврдено е дека никој од нив не примил ниту една доза вакцина, односно ниту се вакцинирани, ниту ревакцинирани. Од вкупниот број позитивни пациенти, кај кои е утврдено присуство на делта сој, само еден е во многу тешка состојба. Станува збор за пациент, кој 8-9 дена откако појавил симптоми на Ковид 19, одбивал да оди на лекар и бил во домашна изолација. Во моментов се вршат епидемиолошки анкети на останати членови од семејството на двајца од хоспитализираните пациенти, кои живееле во заедница и возможно е да се утврди и кај нив присуство на индиски сој на вирусот. Министерството за здравство апелира до граѓаните за што помасовна вакцинација, како и придржување кон основните препораки за заштита од Ковид 19. Сите вакцини со кои располагаме се безбедни и ефикасни и се единствениот начин за заштита од Ковид 19“, додаваат од МЗ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…