Home Актуелно Министерот Филипче го потврди првиот случај на коронавирус во Македонија!

Министерот Филипче го потврди првиот случај на коронавирус во Македонија!

Министерот за здравство, Венко Филипче го потврди првиот случај на коронавирус во земјата.

Се работи за жена, родена 1970 година од Скопје која се вратила утрово од Италија, каде престојувала еден месец.

Филипче рече дека биле извршени лабораториски тестирања на материјал од пациентката и дека резултатите покажале оти таа е позитивна на коронавирусот.

„Нема простор за паника. Пацентката е сместена на инфективната клиника во Скопје, во одделот за изолација, се третира соодветно за нејзината состојба, епидемиолошките анализи, прашањата коишто и беа упатени укажаа дека таа веќе еден месец била во Италија на прошетка и во посета на свои роднини“, рече Филипче.

Филипче упати апел до сите институции кои имаат вработени што патувале во Италија, да не ги примаат вработените на работните места, туку да останат дома 14 дена во карантин и исто така упати апел на смиреност кај граѓаните.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…