Коронавирусот стигна во Македонија: Прв случај на заболена жена која се вратила од Италија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во Македонија е регистриран и првиот случај на корона вирус.

Станува збор за жена која патувала во Италија, земјата каде во последните денови расте бројот на заразени од овој опасен вирус.

Премиерот Оливер Спасовски, министерот за здравство Венко Филипче и д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје ја потврдија веста на пресконференција.