Home Актуелно Минатата ноќ 242 лица не почитувале полициски час – 95 биле приведени

Минатата ноќ 242 лица не почитувале полициски час – 95 биле приведени

Во изминатиот викенд полициски час од неделата попладне до понеделник 5 часот наутро, забраната за движење ја прекршиле 242 лица.

Според евиденцијата на МВР во однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на цела држава 242 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 95 лица, а опоменати се 37 лица. Полицискиот час за време на викендов траеше од 16 до 05 часот, а од денес до петок ќе трае од 21 до 05 следниот ден.

На територијата на државата на 109 лица им се издадени решенија за изолација, а 112 лица потпишале изјави за самоизолација.

Oд страна на полициски службеници извршени се контроли над лица во изолација и самоизолација, а констатирано дека едно лице, во самоизолација, не било затекнато во својот дом.

Во државен карантин се спроведени 209 лица, вратени од странски земји.
Вкупно 162 државјани на РМ ја напуштиле државата и потпишале изјава дека државата не им гарантира навремено враќање во државата.

Министерството за внатрешни работи контиуирано презема активности за заштита на здравјето и животот на граѓаните и апелира да се почитуваат мерките на Владата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…