Милан во „невозможна мисија“ – спреми богатство за Бензема!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанските медиуми откриваат дека најголема желба на Милан во летниот преоден рок ќе биде ѕвездата на Реал Мадрид, Карим Бензема.

Иако ова делува како „невозможна мисија“ за Милан, сепак италијанскиот клуб има план како да дојде до францускиот напаѓач.

Имено, Реал Мадрид ова лето сака да доведе нов напаѓач, а прв пик е Пјер Емерик Обамејнг, а тоа ќе значи отварање на излезната врата за Карим Бензема.

Новинте сопственици на „росонерите“ сакаат да донесат неколку големи засилувања, па нема да жалаат пари во намерата да стигнат до потписот на Бензема.

Наводно миланскиот клуб е спремен да плати 70 милиони евра како обештетување, а на Бензама му нуди четиригодишен договор со 10 милиони евра по сезона, со што Французинот ќе стане најплатен играч во Серија А.

„Газета дело Спорт“ тврди дека Милан веќе работи на овој трансфер, а посредник во целата операција е „Адидас“ кој е заеднички спонзор на клубот и фудбалерот.