Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Мундо Депортиво“ денес пренесува дека фудбалерот кој е непожелен во Барселона наскоро кариерата би можел да ја продолжи во италијанската Серија А.
Според информациите на шпанскиот медиум Барселона го понудила Туран на клубот од Милано.
Искусниот фудбалер кој е во немилост на Валвреде во последниот период често пати се поврзуваше со преминување во Галатасарај, но изгледа дека сега се случил пресврт.
Да потсетиме, Арда минатото лето го одложи враќањето во татковината за да остане на „Ноу Камп“, но во Каталонија не добива шанса, а Милан кој е во тешка ситуација изгледа како добра опција во овој момент, пишува Спортски.мк.
Од друга страна во Барселона се одлучни во намерата да се ослободат од Турчниот оваа зима, пред се поради неговата голема плата.