Home Спорт Милан тргнува по новиот француски „бисер“

Милан тргнува по новиот француски „бисер“

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е силно заинтересиран за младата ѕвезда на Ница, Алан Сент Максимин.

Максимин оваа сезона блеска во дресот на Ница и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

21-годишниот Французин игра како крилен напаѓач и негови главни квалитети се брзината и исклучителната техника, а притоа има и одлично чувство за гол.

Скаутите на Милан го следат веќе подолго време и се убедени дека одлично ќе се вклупи во Серија А, па наводно веќе стапиле во контакт со неговиот менаџер.

„Росонерите“ сакаат да ја победат конкуренцијата и што е можно побрзо да го договорат трансферот, а Ница за неговата слобода бара 20 милиони евра.

Останува да видиме дали Милан е спремен да ја плати оваа сума, но „Тутоспорт“ пренесува дека интересот на италијанскиот гигант е голем и конкретен.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…