Пронајдено телото на македонската актерка Адеа Шабани – нови информации за исчезнувањето


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Полициските служби од Лос Анџелес известија дека пронашле мртво женско тело во плитко ископан гроб на 80 километри од Сакраменто, Јужна Калифорнија.

За телото се верува дека е на исчезнатата македонската актерка Адеа Шабани за која повеќе од еден месец се водеше истрага за пронаоѓање.

Од полицијата изјавија дека детективите веруваат дека станува збор за телото на 25-годишната актерка, но поради состојата во кое е пронајдено не може стопроцентно да тврди дека се во право.

Капетанот Вилијам Хејес од одделот за убиство и грабежи во ЛАПД вчера на прес-конференцијата во центарот на Лос Анџелес рече дека истражувачите веруваат дека телото ѝ припаѓа на Шабани. Се смета дека причини за смртта е убиство, но се чекаат податоци од обдукцијата.

Полицијата се сомнева во момчето на Шабани. 33-годишниот Крис Споц викендов изврши самоубиство пукајќи си во глава откако претходно бегаше од полицијата.

Американските медиуми кои со внимателност го следеа случајот, јавуваат дека Адеа последен пат била видена во лифтот во зградата кај што живеела , заедно со актерот Споц кој се самоуби викендов пукајќи си во глава. Наводно за тоа имало сведок кој видел како тој ја турка во багажникот од автомобилот.