Милан купува двајца Хрвати во „пакет“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан сака во „пакет“ да ги донесе двајцата хрватски репрезентативци од Фиорентина, Никола Калиниќ и Милан Бадељ.

Познато е дека Милан од поодамна е заинтересиран за Никола Калиниќ, а сега медиумите пренесуваат дека „росонерите“ во преговорите го вклучиле и Милан Бадељ.

Договорот на Бадељ со Фиорентина устекува следното лето и не сака да го продолжи, па неговата цела изнесува само 5 милиони евра. Поради тоа Милан се надева дека со понуда од 30 милиони евра ќе ги донесе двајцата на „Сан Сиро“.

Тренерот Монтела во Бадељ гледа идеална алтернатива за Лукас Биља, но најпрво треба еден играч од средниот ред да го напушти „Сан Сиро“, а клубот веќе му ја отвори излезната врата на Хозе Соса.