Мијалкови отвораат 25 обложувалници низ Македонија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Друштвото за организирање игри на среќа Макс Бет, во чија сопственичка структура голем удел има семејството на бившиот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, после добивањето на лиценца за работа од страна на Владата, со која се стекна пред половина година, почнува да отвора мрежа од обложувалници ширум Македонија, пренесува Фокус.

Според податоците од Централниот регистар, компанијата моментално има регистрирано 25 подружници за приредување на игри на среќа, кои во најголем дел се наоѓаат во Скопје (Центар, Аеродром, Карпош, Кисела Вода, Гази Баба, Ѓорче Петров), но и во други градови, како Куманово, Тетово, Прилеп, Битола, Кичево.

Притоа, управител на сите подружници е поранешниот директор на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор и Македонски шуми, Владимир Бахчоваковски, кој воедно фигурира и како малцински косопственик во компанијата со влог од 25.000 евра.

Како доминантни сопственици на македонската Макс Бет моментално се јавуваат истоимената српска компанија на Саша Марчета и домашната компанија Бест Веј Инвестмент, која е во сопственост на синот на Мијалков – Јордан Мијалков, чие учество во главнината на друштвото изнесува по идентични 237.500 евра.

Извор на фото: СакамДаКажам