Мијалков сепак излегува од притвор


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Бившиот шеф на УБК, Сашо Мијалков, сепак излегува од притвор откако Апелацискиот суд во Скопје, како што потврдиле оттаму за „360 степени“, ја прифатил жалбата на одбраната за притворот кој му беше определен во случајот „Плацови на Водно“.

Решението од второстепениот суд е испратено до Основниот кривичен суд од каде се очекува истото да биде доставено и до затворот „Скопје“ во Шуто Оризари каде тој ја издржува мерката притвор.

Мијалков понуди 11 милиони евра како гаранција дека нема да избега заедно со жалбата што неговите адвокати ја поднесоа за притворот кој тој претходно го имаше во случајот „Трезор“ каде тој првостепено е осуден на осум години затвор.

Апелација ја прифати гаранцијата и го укина притворот минатата среда, но ексшефот на УБК не излезе од Шутка затоа што Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција истиот ден побара друг за притвор, но за случајот „Плацови на Водно“ каде тој е еден од обвинетите, којшто притвор беше одобрен од Кривичниот совет во Основниот кривичен суд.

На ваквата одлука, одбраната поднесе жалба до Апелација повикувајќи се на веќе правосилното решение за укинување на притворот со гаранцијата од 11,1 милион евра. Апелација денеска одлучи да ја прифати жалбата и да го укине и овој притвор.