Меси откри зошто Дибала го нема во репрезентацијата: Не можеме да играме заедно!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Селекторот на Аргентина, Сампаоли не го повика Пауло Дибала за пријателските натпревари, а по неговата изјава можеше да се заклучи дека нема да го повика и за Мудијалот.

Напаѓачот на Јувентус и покрај фантастичната сезона и големиот потенцијал, никако да се избори за статус во репрезентацијата на Аргентина, а за тоа е „виновен“ ниту помалку ниту повеќе, туку Лео Меси.

Поточно, единствениот грев на Дибала е што игра на истата позиција како и асот на Барселона, кој јавно го потврди тоа.

„Зборувавме на таа тема и можам да ви кажам дека Дибала е во право. Тој во Јувентус игра на истата позиција, како и јас во Барселона. Кога сум во репрезентацијата, тогаш тој мора да се премести на левата страна во нападот. Не му е лесно. Тешко ни е на обајцата да играме на тој начин, бидејќи кога сме десно, тогаш ја пресекуваме средината и го имаме целиот терен пред себе. На левата страна тоа не е случај“, објасни Меси.