Home Шоубизнис Меси донираше половина милион евра за борба против коронавирусот

Меси донираше половина милион евра за борба против коронавирусот

Капитенот на Барселона, Лионел Меси донираше 500 илјади евра на фондација во Аргентина, која се бори против коронавирусот, пренесуваат тамошните медиуми.

Меси уште еднаш ја покажа својата хуманост на дело, откако донираше 500.000 евра за борбата со коронавирусот.

Оваа сума ќе се искористи за набавка на заштитна облека и маски за лекари и здравствени работници, потрошни материјали и апарати за вештачка вентилација.

Меси парите ги донирал на фондацијата Гарахан која купената медицинска опрема ќе ја распредели во здравствените центри низ Аргентина.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Бордо и чоколадна за елегантен есенски маникир, а жолтозелената е сезонското изненадување

Со постудените денови се менуваат боите, должината и формата на ноктите. Впечатливите укра…