Меркел неконтролирано се тресеше на приемот на украинскиот претседател (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Непријатната ситуација во која се најде германската канцеларка Ангела Меркел додека се интонираа државните химни на Германија и Украина за време на церемонијата во Берлин за пречек на новиот украински претседател Володимир Зеленскиј беше фатено на камера.

Таа почна неконтролирано да се тресе додека стоеше до Зеленскиј бидејќи ѝ се слоши за време на приемот, но не сакаше да го прекине интонирањето на химните.

По завршување на интонирањето набрзина го помина црвениот тепих, ја поздрави гардата и оркестарот и влезе во зградата.

После официјалната средба со Зеленскиј, канцеларката Меркел за медиумите изјави дека е добро и нема причина за загриженост.

„Од тој момент се напив најмалку три чаши вода, што очигледно ми била потребна, и сега сум многу подобро“, изјави Меркел.