Мерката за поевтина струја за производителите на прехранбени производи ќе ја намали цената на храната, но не се знае за колку


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Одлуката на Владата за намалување на цените на струјата за фирмите за основни прехранбени производи ќе донесе поевтинување на храната. Но, останува непознато дали ќе биде 10 отсто колку што очекува владата. Министерот за економија се закани со замрзнување на цените ако фирмите добијат поевтина струја, а не ја поевтинат храната, пренесува Слободна Европа.

Ако руската блокада на извозот на украинско жито не ги поремети многу берзанските цени на пченицата, наредниот месец лебот би требало да поевтини за 10 проценти, откако Владата одлучи за неколку пати да ја намали цената на струјата за производителите на основни прехранбени производи. Одлуката ќе почне да важи од 1 декември.

Русија вчера се повлече од Договорот за дозвола на извоз на жито од Украина преку пристаништата на Црното Море и ја врати поморската блокада. Цената на пченицата на светските берзи порасна за 6 проценти во еден ден, со оглед на тоа што Украина е еден од најголемите извозници на житни култури.

Цената на лебот во изминатата година речиси се удвои. Според државната статистика, храната поскапела за скоро 30 отсто, а лебот и житата за скоро 48 отсто, но впечатокот во маркетите е дека поскапувањето е уште поголемо. Просечната цена на обичен бел леб е околу 50 денари, додека лани беше двојно поевтин.

Министерот за економија Крешник Бектеши се закани со мерки против фирмите кои нема да ја поевтинат храната и покрај тоа што владата ќе им понуди неколкукратно поевтина струја.

„Разговаравме и со стопанските комори да нема такви злоупотреби, зашто може да донесеме одлука за целосно замрзнување на цените на одредени производи, каде што ќе се утврди дека инпутот на намалување на ставката за електрична енергија не е вкалкулиран во финалната цена на производите“, рече Бектеши.

Владата одлучи да им понудиструја по 80 евра за мегаватчас за производителите на зејтин, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи и за месната и живинарската индустрија.

Малите фирми, кои се на регулираниот пазар досега плаќаа околу 220 евра за мегаватчас, а оние на отворениот пазар во изминативе месеци плаќаа берзанска цена на струјата која одеше до 700 евра за мегаватчас.

Премиерот Димитар Ковачевски рече дека очекува цената на основните производи да се намали за 10 проценти.