„Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис“ поминаа, „Цар Фердинанд“ не помина


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Здружението „Цар Фердинанд“, сепак, нема да биде регистрирано во Македонија.

Владиното советодавно тело за употреба на имиња на историски личности на денешната седница не дало согласност за формирање здружение со името на Фердинанд. Претседателот на ова тело за Сител изјави дека тројца членови историчари имале аргументи зошто овој бугарски лик кој во колективната меморија на македонците не е позитивен лик, не треба да биде официјализиран во земјата.

-Оваа личност стои на чело на бугарската држава во време кога се воделе неколку војни кои за македонците се, значат крвопролевања и разрушувања и ценевме дека името на ваква личност ќе предизвика негативни чуств акај голем број Македонци, вели Проф Бобан Петровски, претседател на советодавно тело.

Заклучокот на советодавното тело најдоцна до утре ќе биде доставен до Министерството за правда и централен регистар кои го имаат последниот збор.

-Во тој заклучок ќер има уште подетални образло=енија за цар Фердинанд и неговата улога во периодот кога бил на цело на бугарската држава, вели Петровски.

Во април годинава во Битола свечено и со присуство на членови од бугарксиот државен врв беше отворен клубот Ванчо Михајлов. Пред три недели во тензична атвосвера во Охрид никна и здружението Цар Борис Трети што беше повод опозициксата ВМРО-ДПМНЕ да поднесе предлог за измена на законот за здруженија и фондации.