Виенскиот економски институт за Владимир Глигоров: „Беше вистински интелектуален џин“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Економистот и политиколог Владимир Глигоров, кој почина на 27 октомври, беше вистински интелектуален џин кој остави длабока трага, неуморно работејќи секој ден“, објави денеска Виенскиот институт за меѓународни економски студии за својот соработник.

По повод ненадејната смрт на Глигоров на 78-годишна возраст, кој е син на првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров, од Институтот денеска објавија дека тој немал време ниту интерес за секуларни работи како родендени, празници или викенди.

„Тој беше вистински научник. Работеше секој ден, читајќи и пишувајќи за економија, политика, филозофија, историја или литература. Тоа што беше филмофил и што го сакаше своето семејство беше нешто најблиску до секојдневниот живот на просечен човек. Во согласност со типичната постјугословенска интелектуална традиција, сакаше да ги споредува клучните сцени од филмовите со главните теми од науките со кои се занимаваше“, велат од Институтот.