Актуелно

Мелничарите апелираат дека лебот ќе поскапи поради неколку глобални фактори

Обвинувањата на земјоделците дека мелничко – пекарската индустрија неосновано ги зголемува цените на лебот и печивата е нарачана политичка реакција. Ова е ставот на претседателот на оваа индустрија Горан Малишиќ кој во краток телефонски разговор за Алсат соопштил дека не сака да коментира политичи инструирани изјави кои се даваат пред избори, пренесува споменатиот медиум.

Малишиќ тврди дека поскапувањето на основниот прехранбен производ мора да се случи поради неколку глобални фактори, и ниту една влада не може тоа да го спречи.

„Не коментирам нарачани реакции од никого, ние сме бизнис заедница. Како одеднаш пред избори цената на лебот стана главна тема, а никој не зборува што маслото за јадење е 120 денари. Цената на лебот зависи од многу фактори, главни се светските берзи каде се продава пченицата. Ги следиме глобалните текови и можам да соопштам дека имаме проблем кој не се сопира“, изјави Горан Малишиќ претседател на Мелничко пекарска индустрија.

Земјоделците ги отфрлаат обвинувањата и се категорични дека нема простор за зголемување на цената на лебот и пецивата. Нивните пресметки велат дека мелничко пекарската индустрија е покриена со пченица до крајот на годинава. Дополнително, земјоделците обвинуваат дека 260 милиони килограми пченица им продале на мелницарите по според нив ниска цена, односно за 10,5 денари по килограм. Сега земјоделците велат дека доколку продолжат поскапувањата, ќе бараат да им бидат исплатени дополнителни средства за пченицата бидејќи велат дека ја продале по ниска цена знаејќи го стандардот во Македонија и потребата од поевтин леб.

„Сега имаме најава за зголемување на цената на брашното, лебот и сите бели пецива. А исто така се најавува и зголемување на откуп на пченица. Се прашувам сега јас, која пченица ќе има зголемување на цената кога целата пченица е откупена“, нагласи Перо Стојкоски претседател на Асоцијација на земјоделци на Македонија.

Државата засега нема да реагира во однос на овие поскапувања со образложение дека земјава е пред изборен процес. Ваква изјава даде вицепремиерот за еконпмија Фатмир Битиќи, прашан дали државата може да реагира на овој бран на поскапувања на прехранбените производи. Според него поскапувањата не се загрижувачки, а евентуални мерки рече дека се можни по локалните избори. Инаку, помалите пекари веќе неколку недели продаваат поскап леб и бели печива.

To Top